fbpx

Стендап шоу Црн Хумор 28-05-2021

From: 250.00 ден

Времетраење: 75 мин.
Поаѓање 20:00h
БИЛЕТИ:
Претпродажба 250 ден.
На ден на шоу 300 ден.
Купените билети online не треба да ги печатите, доволно е само да го покажете емаилот со вашата уплата на влез на бродот од Вашиот паметен уред.

Стендап шоу Црн Хумор

Најновото стендап шоу на Никола Тодороски. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.

Црн Хумор е специфично шоу кое не е за сечиј стомак! Се шегуваме за работи за кои обично не е дозволено да се шегуваме. Доколку лесно се навредувате веројатно ова шоу не е за вас. Доколку сакате да уживате во крстарење и комедија која не почитува граници тогаш ова шоу дефинитивно е за вас!

За ваше трајно задоволство ќе се погрижат:
Никола Тодороски
Илија Богданоски
Никола Сиљаноски
Јован Цветкоски
Зоран Донев

Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.

За време на шоуто важат сите заштитни протоколи пропишани за настани од ваков тип.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗАШТИТНА МАСКА ЗА ВРЕМЕ НА КРСТАРЕЊЕТО!

Цена на билет претпродажба 250 ден. На ден на шоу 300 ден.

 

Category: