fbpx

Рециклирани Конфети 28-07-2021

From: 250.00 ден

Времетраење: 75 мин.
Влез на бродот: 20:00h
Поаѓање: 20:30h
БИЛЕТИ:
Претпродажба 250 ден.
На ден на шоу 300 ден.
Купените билети online не треба да ги печатите, доволно е само да го покажете емаилот со вашата уплата на влез на бродот од Вашиот паметен уред.

Рециклирани Конфети

Рециклирани Конфети соло стендап шоу на Никола Тодороски. Местата се ограничени на 45!

Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.

РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.

Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.

Шеги кои ќе ги раздвижат вашите стомачни додека уживате во крстарење низ Охридско Езеро.

За време на шоуто важат сите заштитни протоколи пропишани за настани од ваков тип.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗАШТИТНА МАСКА ЗА ВРЕМЕ НА КРСТАРЕЊЕТО!

Цена на билет претпродажба 250 ден. На ден на шоу 300 ден.

 

Category: