fbpx

Предновогодишни забави

From: 1,200.00 ден

БОЕМСКА НОЌ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Крстарење за боеми и љубители на кафанските хитови од поранешните Југословенски простори.
Дозволете да Ве вратиме назад во времето и повторно да ја почувствувате магијата на боемската ноќ преку хитовите на Ефто Пупиноски, Јонче Христоски, Гоце Арнаудов, Тома Здравковиќ, Мирослав Илиќ, Предраг Живковиќ-Тозовац и многу други.

Четири часа крстарење со музика во живо, богата ладна и топла закуска и четири пијалоци вклучени во цената

Термини:
04 Декември 2021 (сабота)
11 Декември 2021 (сабота)
18 Декември 2021 (сабота)
25 Декември 2021 (сабота)

БОЕМСКА НОЌ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Крстарење за боеми и љубители на кафанските хитови од поранешните Југословенски простори.
Дозволете да Ве вратиме назад во времето и повторно да ја почувствувате магијата на боемската ноќ преку хитовите на Ефто Пупиноски, Јонче Христоски, Гоце Арнаудов, Тома Здравковиќ, Мирослав Илиќ, Предраг Живковиќ-Тозовац и многу други.

Четири часа крстарење со музика во живо со група „Фолк Мерак“, богата ладна и топла закуска и четири пијалоци вклучени во цената

Термини:
04 Декември 2021 (сабота)
11 Декември 2021 (сабота)
18 Декември 2021 (сабота)
25 Декември 2021 (сабота)

Цена по лице 20 € (1200 денари)

* Во цената се вклучени четири основни пијалоци по ваш избор: пиво, вино, ракија, водка, коњак, џин, узо, сокови, вода
* може да се комбинираат две талончиња за еден поскап пијалок како виски, коктел и слично.

Напомена:
Сите настани ќе се организираат согласно актуелните мерки и препораки против Covid19. Присуство е дозволено само на вакцинирани лица против Covid19 и на влез во бродот ќе биде извршена проверка за поседување на истите. На лица кои не поседуваат валидни Covid сертификати нема да им биде дозволен влез. Забавите ќе се организираат на долната палуба – во затворениот дел на бродот. Истата е климатизирана и има систем за ладење и греење со што Ви гарантираме пријатна атмосвера. Заради безбедносни причини пушењето во затворениот дел на бродот е строго забрането, па доколку сте пушач не заборавајте да ја понесете со Вас Вашата електронска цигара која е дозволена и во затворениот дел на бродот. За останатите секако има посебен дел каде ќе може да излезат во било кое време на крстарењето.

 

Приватна корпоративна забава

Отворени сме за соработка и Ви стоиме на располагање да одговориме на сите Ваши желби за организирање настан од ваков тип. За вашето корпоративно дружење може да изберете датум кој најмногу Ви одговара и да направите закуп на бродот за крстарење како би добиле апсолутна интимност и само Вашите гости би биле присутни на бродот. Во тој случај може да одберете тип на музика кој Вам најмногу Ви одговара, распоред на маси односно опција за користење коњопои, Дј и караоке забава па до класична елегантна вечера со неколку послужувања. Цена по договор. За повеќе детали и цени слободно контактирајте не.